Измените во законот за трговија со кои се укинување ограничувањето на времето за продажба на алкохол до 19 часот во зима, односно до 21 часот во лето, ќе бидат донесени во март, најави Министерството за економија. Со измените ќе се укине и забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца. 

Најавите се дека обврската за задолжително поседување на лиценца за продажба на алкохол ќе остане, а во тек се разговори помеѓу министерството и бизнис заедницата околу начинот на издавање на лиценците и висината на надоместокот за нив.

OhridNews