Вчера околу 13 часот, во ОВР Струга од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица“, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт.

Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за 46 годишен жител од селото Мислешево кој, починал при управување со трактор, информира портпаролот при СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews