Македонската атлетска репрезентација заврши на 6. место на Балканското првенство за Млади Младидинци во Бурса одржано викендовм на кое учествуваа 250 натпреварувачи-ки.

 

Охриѓанецот Ѓоко Јандриески на трката на 800 метри постигна личен рекорд со време 2:14,12 доволно за седмо место.

Најдобар резултат и пласман оствари Ристе Пандев кој за 0.04 стотинки не стигна до бронзен медал, и мораше да се задоволи само со 4то место на 100м.

Кај девојките најуспешен настап имаше Валбона Селими на 100м, додека атлетичарката Дрита Ислами постави државен рекорд во дисциплината трискок со резултат 10.08 м. 

Оhridnews