Охриѓанецот Спасе Петровски постигна најзабележителен резултат во македонската експедиција на престојниот Европски куп во фрлачки дисциплини кој се одржа во Бар, Црна Гора.


Петровски во категоријата фрлање ДИСК, под 23 години го освои петнаесетото место со фрлени 42.35м што преставува негов личен резултат.

Петнаесето пласирана заврши и Маргарита Арсова во дисциплината фрлање Копје која постигна резултат под своите очекувања 34.13м.

Во категоријата фрлање Ѓуле, сениори Марјан Нојковски заврши како 20 пласиран со резултат 14.35, што е послаб од неговиот личен резултат.

На натпреварот учествуваа 250на натпреварувачи од 42 држави,најдобра беше селекцијата на Русија.

М.П.