Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело.

Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за 20-годишно лице од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
OhridNews












