На 20.05.2025 во 15.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 54 годишно лице од струшкото село Велешта.

Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

OhridNews