Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса, денеска повторно седнуваат на иста маса. Средбата е закажана за 9 часот, а ова ќе биде трет обид лидерите да најдат заедничко решение за формирање на Државната изборна комисија.

На средбата присуствуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски и Билал Касами од тетовското крило на БЕСА.

Целта е да се постигне договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со референдумот. Се очекува да се разговара и за условите на ВМРО-ДПМНЕ – Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата. Досега ниту еден од лидерите не откри детали од разговорите.