Лидерот на табелата во Серија А, Јувентус претрпе пораз на гостувањето на Артемио Франки, откако изгуби од Фиорентина (2-1) во дербито на колото.
„Виолетовите“ на најдобар можен начин со триумф над шампионот во Италија ставија точка на серијата слаби резултати. Резултатот го отвори Калиниќ во првиот дел, водството го дуплираше Киеза, а голот за Јувентус го постигна Игуаин.
Резултати: Каљари – Џенова 4-1, Лацио – Аталанта 2-1, Наполи – Пескара 3-1, Сампдорија – Емполи 0-0, Сасуоло – Палермо 4-1, Удинезе – Рома 0-1, Фиорентина – Јувентус 2-1.
Табела: Јувентус 45 (-1), Рома 44, Наполи 41, Лацио 40, Интер 36, Милан 36 (-2)…
OhridNews