Во сообраќајката нема повредени, причинета е само материјална штета.
Според информациите од полицијата Тачи со својот автомобил „ауди“ со тетовски регистерски таблици удрил во автобус марка „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, сопственост на туристичка агенција.
Според првичните информации, „аудито“ удрило во задниот лев дел на автобусот. Како првична причина за судирот се наведува недржење на прописно растојание.
Полицијата изврши увид на лице место и работи на целосно расветлување на сообраќајката.
При сообраќајката била направена материјална штета од околу 80.000 денари, а повеќе оштетен бил автомобилот на Тачи.