Лидерската средба во Виена е откажана, неофицијално дознава телевизија Телма од дипломатски извори. Причината за нејзиното одложување се најверојатно последните две барања што вчера ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а тоа се повлекување на одлуката на Иванов за аболицијата и одложување на изборите, закажани за 5 јуни.

Лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА требаше утре да седнат на заедничка маса на иницијатива  на тројцата европратеници Ричарт Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, во присуство на еврокомесарот Јоханес Хан.  Засега нема официјална потврда од кабинетот на Хан, ниту од тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.

OhridNews