Фудбалерите на Дерби Каунти и Астон Вила на „Вембли“ стадионот во бараж натпревар ќе одлучуваат кој ќе биде новиот член во англиското фудбалско друштво.

Дерби Каунти во баражот и се приклучи на Астон Вила, откако во драматичен меч го совлада Лидс со 4-2 и со вкупен резултат 4-3 го елиминираше. „Овните“, кои, претрпеа минимален пораз (1-0) на домашен терен беа прежалени, но предводени од Френк Лампард покажаа голем карактер и на легендарниот „Ирланд роуд“ направија пресврт победувајќи со 4-2.

Финалето од баражот во Чемпионшип лигата покрај што нуди влез во Премиер лигата, гарантира 100 милиони фунти кои ги добиваат екипите од разно разни права и спонзори во текот на сезоната. Затоа, дуелот за влез во Премиер лигата се смета еден од најбогатите фудбалски натпревари.

OhridNews