Астон Вила оја сезонава мака мачи во Премиер лигата забележа минимална победа над Болоња, благодарение на ефектниот гол од Џон Мегин уште во 13-тата минута. Вилa стигна до важни трите бода на почетокот на групната фаза од Лигата на Европа, и покрај промашениот пенал на Оли Воткинс подоцна во натпреварот.

Генк го победи Ренџерс на гостински терен, 1-0, во меч кој шкотскиот тим го заврши со играч помалку поради црвен картон. Штутгарт со 2-1 ја совлада Селта Виго, со головите од Буанани и Ел Ханус. Лил се избори за тесна победа (2-1) над Бран, со победнички гол на Оливие Жиру во 80-тата минута.

Лион славеше 1-0 на гостински терен против Утрехт, со убав погодок од далечина од Танер Тесман, а Порто забележа победа над Салцбург со гол во судиското надополнување.

Резултати Лига Европа – 25.09.2025

Го Ахед Иглс – ФЦСБ 0:1
Лил – Бран 2:1
Астон Вила – Болоња 1:0
Салцбург – Порто 0:1
Утрехт – Лион 0:1
Ференцварош – Викторија Ползен 1:1
Ренџерс – Генк 0:1
Штутгард – Селта Виго 2:1
Јанг Бојс – Панатинаикос 1:4

Г.М.