Со девет натпревари што се одиграа синоќа, почна новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА која оваа година има нов формат. На стартот се одиграа неколку дерби средби на кои немаше победник, но беше виден добар и ефикасен фудбал. Реал Бетис и Нотингем Форест одиграа нерешено 2:2, а без победник заврши и натпреварот во Белград помеѓу Црвена Звезда и Селтик – 1:1. Рома славеше на гости кај Ница.

Резултати Лига Европа – 24.09.2025

Митјиланд -Штурм Грац 2:0
ПАОК – Макаби 0:0
Динамо Загреб – Фенербахче 3:1
Црвена Звезда – Селтик 1:1
Фрајбург – Базел 2:1
Малме – Лудогорец 1:2
Ница – Рома 1:2
Реал Бетис – Нотингем Форест 2:2
Брага – Феенорд 1:0

Натпревари Лига европа – 25.09.2025

Го Ахед Иглс – ФЦСБ
Лил – Бран
Астон Вила – Болоња
Салцбург – Порто
Утрехт – Лион
Ференцварош – Викторија Ползен
Ренџерс – Генк
Штутгард – Селта Виго
Јанг Бојс – Панатинаикос

Од оваа сезона 36 екипи играат лига систем. Секоја екипа ќе одигра 8 натпревари со различен противник, 4 домашни и 4 гостински. По завршување на тие 8 натпревари, сите 36 клуба се рангираат во еден заеднички пласман (една табела). Клубовите од 1-8 место директно се пласираат во осминафиналето. Клубовите од 9-24 место влегуваат во плеј-оф (двомечеви) и ќе се борат за преостанатите 8 места во осминафиналето, а останатите од 25-36 место се елиминирани од натпреварување.

Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 20 мај во Истанбул.

Г.М.