Екипата на Ливерпул уште еднаш покажа силен карактер остварувајќи драматична победа во екстра времето над Атлетико Мадрид со 3-2 во еден од највозбудливите натпревари од 1 коло во Лигата на шампиони. Капитенот Вирџил ван Дајк стрелаше прецизно со глава по корнерот во 92 минута за делириум на Енфилд. Ливерпул одлично го отвори мечот и веќе во 6-та минута имаше водство од 2-0 со головите на Робертсон и Салах, но Атлетико се врати со два гола на Љоренте. Ппбедничкиот гол на Вирџил тешко го прифати тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој сакаше да се пресмета со домашната публика и заработи црвен картон.
Баерн Минхен – Челзи 3-1. Два гола на Хари Кејн и еден автогол донесоа сигурна победа за германскиот шампион.
Ајакс – Интер 0-2. Маркус Турам беше главниот актер со два голови со глава, од корнери.
Славија Прага – Бодо Глимт 2-2. Норвешкиот дебитант Бодо Глимт направи успешно враќање во завршницата од мечот во кој домаќинот водеше со 2-0.
Олимпијакос – Пафос 0-0. Во Атина реми без голови, иако шампионот на Грција имаше играч повеќе.
Денешни натпревари (18.09.2025)
Бриж – Монако
Копенхаген – Леverkusen
Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај
Манчестер Сити – Наполи
Њукасл – Барселона
Спортинг CP – Кајрат Алмати
Г.М.
Фото: Принтскрон Јутуб