Почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони која се игра во нов формат, донесе две големи изненадувања. Синоќа на програмата се одиграа шест натпревари, а уште толку се играат вечерва.
Белгискиот првак Унион Сен-Жилоаз направи големо изненадување, победувајќи со 3‑1 на гостувањето кај ПСВ Ајндховен.
Карабах, пак, направи неверојатен пресврт и славеше со 3‑2 против Бенфика во Лисабон која водеше со 2-0.
Рал Мадрид извојува тешка победа на домашен терен над Олимпик Марсеј (2‑1), со два пенали на Килијан Мбапе, од кои вториот крајно сомнителен. Реал мечот го заврши со 10 играчи по исклучувањето на Дани Карвахал.
Јувентус и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар во Торино што заврши нерешено 4‑4, со два гола во финишот за Јувентус. Сите голови паднаа во второто полувреме.
Арсенал славеше 2‑0 против Атлетик Билбао со головите на Мартинели и Тросар.
Тотенхем освои важни три бода, со победата од 1‑0 победа над Виљареал.
Лигата на шампиони продолжува вечерва со шест натпревари од првото коло во групната фаза:
Олимпијакос – Пафос 18:45
Славија Прага – Бодо Глимт 18:45
Ајакс – Интер 21:00
Баерн Минхен – Челзи 21:00
Ливерпул – Атлетико Мадрид 21:00
ПСЖ – Аталанта 21:00
Г.М.