Возбудливата вечер во осминафиналето од Лигата шампиони донесе елиминација на најпријатното изненадување сезонава, Бодо Глимт, додека Реал Мадрид покажа класа и на реваншот со Манчестер Сити. Пласман меѓу осумте најдобри вечерва остварија и ПСЖ и Арсенал.

Норвешкиот претставник Бодо Глимт и покрај трите гола предност од првиот меч го положи оружјето во Лисабон каде Спортинг по продолженија славеше со 5:0. Реал Мадрид забележа победа и во реваншот со Манчестер сити 2:1 и со вкупен резултат од 5:1 оди во следната фаза.

Арсенал по ремито во Леверкузен (1:1) вечерва на Емирати славеше над Бајер со 2:0, а актуелниот првак ПСЖ во Лондон беше убедлив и во реваншот со Челзи (0:3) и со вкупен резултат 8:2 обезбеди четврт-финале.

Преостанатите патници помеѓу осумте најдобри ќе ги дознаеме утре кога на програмата се уште четири средби:

Барселона Њукасл (1:1) – 18:45ч.
Баерн М. – Аталанта (6:1) – 21:00ч.
Ливерпул – Галатасарај (0:1) – 21:00ч.
Тотенхем – Атлетико М. (2:5) – 21:00ч.

Г.М.