Во седиштето на УЕФА денеска беше извршен ждребот за 1/16 финалето од Лигата на шампионите. По драматичниот расплет во последното коло од групната фаза и голот на Трубин против Реал на истекот од времето за пласман на Бенфика во нокаут сегментот, ждребот одлучи овие две екипи повторно да се сретнат, овој пат во елиминациите. Мурињо се враќа во Мадрид, сега како стратег на Бенфика.

Актуелниот првак ПСЖ во француското дерби ќе игра против Монако за пласман понатаму, а вицепрвакот на Европа, Интер,, се среќава со Бодо Глимт.

Лига на шампиони елиминации:

Бенфика – Реал Мадрид

Монако – ПСЖ

Бодо Глимт – Интер

Карабах – Њукасл

Галатасарај – Јувентус

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид

Борусија Дортмунт – Аталанта

Олимпијакос – Бајер Леверкузен

Победниците од овие натпревари одат на мегдан на најдобрите осум екипи од групната фаза кои директно обезбедија пласман во 1/8 финалето: Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.

Г.М.