Шпанските Барселона и Севиља како и италијаните Рома и Интер се екипите кои по синоќешните натпревари им се приклучија на Манчестер и Арсенал во европскиот ТОП 16.

Група Е

Штудгарт – Селтик  3-2 (Какaу  45′, Пардо  62′, Марица 85′; Адам 27′, Фергусон  70′)
Лион – Барселона 2-2    ( Жуњино 7` ,80` (п) ; Иниеста 3` , Меси 58` (п) )

Барселона стигна до посакуваниот бод по кој завршува на врвот на Е групата. Бундес шампионот стигна до првата победа во лигата на шампиони а победата на Штудгарт ја прави привлечна разврската во Е групата каде за второто место во директна преметка на Иброкс Парк ќе играат Ренџерс и Лион.

“Швабите“ стигнаа да првата победа во ЛШ

Група Ф:
Динамо Киев – Рома 1:4 (Панучи 4′, Жили 32′, Вучинич 36′, 78′)
Манчестер Јунајтед – Спортинг 2:1 (Тевез 61′, Роналдо 90’+2 ; Абел 21′)

Со голот на Роналдо во судиското надополнување Манчестер го задржа 100 % ефектот во Лигата на Шампиони. Друштво на  англичаните во  нокаут фазата ќе им прават римјаните кои убедливо славеа  во Киев .

ги “реши“ своите .Роналдо

Табела : Манчестер 15 , Рома 10 , Спротинг 4 , Динамо 0

Група Г:
ЦСКА – ПСВ Ајндховен 0:1 (Фарфан 39′)
Интер – Фенербахче 3:0 (Круз 55′, Ибрахимович 66′, Хименез 90’+2)

Со голот на Фарфан холанѓаните стигнаа до посакуванат победа која ги остава во трката за едно од двете места кои водат во осминафиналето. Нероазурите со победа му го честитаа 40-от роденден на Роберто Манчини


не го заборавил фудбалот

Табела : Интер 12 , Фенербахче 8 , ПСВ 7 , ЦСКА 1

Група Х :
Севиља – Арсенал 3:1 (Кеита 24′, Луис Фабиано 34′, Кануте 89′-(п); Едуардо 11′)
Стеауа – Славија 1:1  (Бадеа 12′, Шенкерик 78′)

Со победата над Арсенал, двојниот освојувач на УЕФА купот стигна до нокаут фазата. По триумфот над топџиите доста веројатно е да завршат на врвот на Х групата .Со бодот во Букурешт, чесите си осигураа место во Уефа купот на пролет.

 
фудбалерите на Севиља слават,не се победува Арсенал секој ден

Табела Севиља 12 , Арсенал 10 ,  Славија 5 , Стеауа 1

Група Ц  Лацио –Олимпијакос  , Вердер – Реал

Во центарот на вниманието на денешните натпревари ќе биде Горан Пандев и римски Лaцио кои со победа над Олимипијакос ке бидат  само на чекор до осминафиналето .

се враќа во вистинско време за Лацио

Табела Реал 8 ,Лацио 5 , Олимпијакос 5,  Вердер 3 ,

Група А Бешикташ – Марсеј , Ливерпул – Порто

Само победа ги остава црвените во игра за едно од осминафиналните места од А групата . 

Табела  Порто 8 ,Марсеј 7 ,Ливерпул 4 ,Бешикташ 3

Група Б Розенборг – Челзи ,Валенсија – Шалке

Единствено теоријата е во игра за Валенсија во пресрет на петто коло ,Челзи оди во Норвешка на потврда на лидерското место во  групата .

Табела  Челзи 8 ,Розенборг 7 ,Шалке 4 ,Валенсија 3

Група Д Бенфика – Милан ,Селтик – Шахтјор

Европскиот шампион  Милан е во предност но се` е отворено во Д групата .

Табела Милан 9 , Селтик 6 , Шахтјор 6 , Бенфика 3