На прагот на елминиација е Ливерпул, а со победи Челзи  и Реал обезбедуваат елиминациски натпревари.Незивесен е настапот на Пандев на вечерашниот меч против германскиот Вердер .

Група А:

Ливерпул – Бешикташ
Да се биде или не е мечот на Енфилд за црвените кои немаат право на грешка . Силно се тресе клупата на куп мајсторот Бенитез кој благодарение на трофејот освоен 2005 година во Истанбул е се уште на клупата на Црвените. Дали токму  “турците “ ке му пресудат останува да видиме .Шпекулациите одат до таму што веќе англсиките медиуми го ставија Жозе Мурињо на клупата на Ливерпул.

Порто – Марсеј
Во останатиот натпревар во оваа група некогашните европски шампиони ке се борат за едно од местата кои водат понатаму .
Табела: 1.Марсеј 7, 2.Порто 5, 3.Бешикташ 3, 4.Ливерпул 1

Група Б:

Валенсија – Розенборг
Свое евро деби на клупатa на лилјаците ке има Роналд Куман кој го водеше тимот на ПСВ по првите три кола во кои имаше една победа еден пораз и еден нерешен исход.По победата на Валенсија во третото коло Розенборг е тимот кој треба да добие за да се направи чекор кон наредната фаза.

Шалке – Челзи
По бурниот период и заминувањето на Мурињо од клупата ,сините се консолодираа и се на  “возачкото“ место .Со победа на Ауф Шалке арената дефинитивно ке обезбедат “пролаз“ понатаму .

Табела: 1.Челзи 7,  2.Розенборг 4, 3.Валенсија 3, 4.Шалке 3

Група Ц:

Лацио – Вердер
Лацио е во криза ,а победа против Вердер во голема мера би го намалил притисокот на плеките на Делио Роси. Под знак прашалник е настапот на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев .

Олимпијакос – Реал Мадрид
Дoбро се држеа на Сантијаго Бернабеу грците ,а прашање е дали ке уcпеат да ја повторат таа игра и на домашен терен кога треба да нападнат и да стигнат до трите бода .

Табела: 1.Рела Мадрид 7, 2.Олимпијакос 4, 3. Вердер 3, 4.Лацио 2

Група Д:

Селтик – Бенфика
Победата над Милан не би значела ништо за “келтите“ во колку  не успеат да триумфираат над Бенфика и да ги продолжат надежите за пласман понатаму  .

 Шахтјор – Милан
По очајните игри во Серија А ,за росноерите на Карло Анчелоти поразот е последна опција. Натпреварот ке помине во сеќавање на починатиот 85 годишниот швеѓанец Нилс Лиедхолм најдобриот стрелец во историјата на Милан.

Табела: 1.Милан 6, 2.Шахтјор6, 3.Бенфика 3, 4.Селтик 3

Утре играат

Група Е: Лион – Штутгарт, Барселона – Ренџерс
Табела: 1.Барселона 7, 2. Ренџерс 7, 3.Лион 3, 4.Штутгарт 0

Група Ф: Манчестер Ј. – Динамо Киев, Спортинг – Рома
Табела: 1.Манчестер Јунајтед 9, 2.Рома 6, 3.Спортинг 3, 4.Динамо Киев 0

Група Г: Интер – ЦСКА Москва, Фенербахче – ПСВ
Табела: 1.Интер 6, 2.Фенербахче 5, 3.ПСВ 4, 4.ЦСКА Москва 1

Група Х: Стееауа – Севиља, Славија – Арсенал
Табела: 1.Арсенал 9, 2.Севиља 6, 3.Славија Прага 3, 4.Стеауа Букурешт 0.