Лик на светителка кој се појавил на дрво во паркот кој се наоѓа непосредно до црквата Св. Никола во центарот на Струга е главна тема на разговор изминатото деноноќие во Струга.
Граѓаните постојано доаѓаат на местото за кое дел од нив сметаат дека на дрво се појавува лик на Богородица. Велат дека претставата е појасна ноќе, но и дека доколку внимателно се гледа забележлива е и денски.
Инаку не е прв пат да се случуваат вакви појави. Работници на Македонија пат пред неколку години расчистувајќи го регионалниот пат Охрид Св. Наум при сечење на стогодишна врба забележале лик на светителка.
Слична појава во април година забележа и жителка на Охрид. Имено во близина на манастирот Св. Петка во Велгошти на дрво непосредно пред влезот на верскиот храм, таа воочила силуета на светителка, вдлабнат во една од гранките.
Иако сите овие појави го привлекуваат вниманието на граѓаните, особено на верниците Црквата официјално ретко, или речиси никогаш не ги коментира.
OhridNews