Општина Охрид објави ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта на тема „Со плодови во топли есенски бои исполни ги дланките свои“.
Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина. Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија, да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент, се вели во повикот.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид со оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.
Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „Со плодови во топли есенски бои исполни ги дланките свои“.
Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000 денари еднократно, второ наградените добиваат по 5000 и трето наградените по 3000 денари.
Повеќе информации за конкусот на следниот линк.
OhridNews