Ателјето и галерија УПЕВЧЕ во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот, гостува во охридскиот музеј „Куќата на Робевци“ во текот на месецот. Ќе бидат изложени дела од колекцијата на уметниците Славко и Никола Упевче.

Посетителите ќе можат да погледнат изложба на ликовни дела „Охрид во минатиот век преку цртеж, акварел, акрил и пастел“ од Славко Упевче и изработка на мозаик „Градски часовник“ на јужниот ѕид од црквата Света Богородица Челница во Охрид (механизам на часовникот Борис Упевче), како и изработка на „Мозаична мапа на град Охрид и Лихнид“, дела од Никола Упевче.

Изложбата ќе биде отворена утревечер во 18 часот.

OhridNews.