Ретко убав спој на музиката со популарното музичко и од неодамна брачно дуо ДИС – Денис Мурат и Стефани Стефановска од Скопје, сакс изведбата на Горан Папаз и дел од ликовната палета од експресивни моменти, со силен естетски и душевен порив, на уметникот Свето Стефаноски, на отворањето на седмото по ред културно – забавното лето „На зајдисонце воТрпејца 2018”, што синоќа, беше отворено во прекрасниот амбиент на преубавата крајезерска населба Трпејца.

Последниве години Стефановски живее на релацијата помеѓу Скопје и Охрид.

Ликовната кртика за него ќе забележи: “Делата на Свето Стефановски, имаат препознатлив стил и јазик со изразита енергија. Широка е палетата на неговото изразување. Кај него ќе најдете и пејзаж, и Стара чаршија, и Охрид и цркви и манастири, ама и цвеќе. Тој не му робува на традиционалното сфаќање на догмите за сликарството. Ослободен е од пресликување на стварноста. Природата кај него е дематеријализирана”.

На чинот на свеченото отворање на манифестацијата, кое го проследи бројна публика, на веќе позната сцена „кај Бунарот“, говореше претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелoска.

Текст и фото: Веле Митаноски