Лилјана Спировска, професор по англиски јазик е новиот директор на основното училиште „Григор Прличев“. Конечната одлука кој ќе биде новиот директор на училиштето ја донесе градоначалникот Александар Петрески, по претходно  извршената селекција на пријавените кандидати на распишаниот конкурс од страна на надлежната комисија при училиштето, кои согласно законската процедура, имињата на кандидатите кои ќе се изберат како најсоодветни за извршувањето на директорската функција се должни да ги испратат до градоначалникот кој го има крајниот збор.

По поднесената оставка на Сашо Ставрески, во месец октомври минатата година за ВД директор  во ОУ „Григор Прличев“ беше поставен Перо Георгиески, професор по физичко воспитување во училиштето.

Наскоро се очекува да бидат објавени и имињата на новите директори и на основните училишта „Христо Узунов“ и „ Братство и единство“, каде постапката за избор на нов директор е во тек.

И во овие две училишта , пред самиот крај на мандатот, директорите поднесоа оставка, по што беа поставени ВД директори до изборот на новите.

OhridNews