Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа успешно ја мина и втората квалификациска пречка за пласман на Австралија Опен, совладувајќи ја Унгарката, Далма Галфи во два сетови (6-1, 6-1).
Ѓорческа за неполн час (54 минути) ја победи тенисерката од Унгарија која важеше за благ фаворит пред почетокот на натпреварот.
Свој голем придонес за триумфот на Лина има и громогласната поддршка од публиката која доаѓа од македонските иселеници во Австралија.
Во последниот одлучувачки квалификациски натпревар, Ѓорческа ќе се сретне со подобрата од дуелот Стефани Вогел и Амра Садиковиќ.
OhridNews