Иако наскоро треба да оди на рехабилитација, Линдзи Лохан во последно време често излегува по ноќните клубови. Додека се забавувала во една дискотека во Бразил, фановите посакале да се фотографираат со неа, а таа побегнала под масата и во кратко фустанче седнала на гнасниот под.

Линдзи го подигнала фустанчето и ги испружила нозете, а раката и била на челото, како да е уморна или можеби пијана. Покрај неа имали полупразна чаша, а подот бил прекриен со пепел од цигари и гнасотии. Актерката престојувала во Бразил како би присуствувала на отоврањето на луксузен бутик. Како што пренеле медиумите, за појавувањето добила шестоцифрен хонорар.