Линдзи Лохан, која моментално го снима филмот „Лиз и Дик“ во кој ја толкува улогата на холивудската легенда Елизабет Тејлор, изјавила дека чувствува голема поврзаност со актерската легенда, како и дека поради бурниот живот смета дека тие две се идентични. Актерката рекла дека ги разбира сите проблеми со кои се соочувала Елизабет, бидејќи е многу тешко да се биде славна личност, о да се живее живот кој е изложен на погледите на другите луѓе.

Линдзи Лохан во филмот кој е посветен на животот на холивудската дива Елизабет Тејлор го игра ликот на својот идол, додека за улогата на Ричард Бартон бил избран Грант Боулер, кој исто така ја забележал сличноста помеѓу двете актерки. Тој изјавил дека тие делат иста душа.