Американската скијачка Линдзи Вон која напорно тренира за следните предизивици одново остана сама, откако ја раскина едногодишната врска со тренерот во НФЛ лигата, Кенан Смит.

Вон која e една од најубавите и најуспешни спортистки никако не може да си ја пронајде среќата во љубовта покрај многуте пропаднати врски.

Американката сама ги информираше медиумите за раскинувањето, а како причини ги наведе далечината и подготовките за Зимските Олимписки игри (ЗОИ).

33-годишната скијачка не успешни љубовни авантура имаше со неколк спортисти помеѓу кои и голф играчот Тајгер Вудс.

OhridNews