Американката Линдзи Вон со бронзен медал од спустот на Светското првенство во Шведска и историски подгив се збогуваше од скијањето.

Легендарната американска скијачка со освојување на бронзеното одличје стана прва која успеала да се закити со медал на шест Светски првенства. Нижењето на медали во скијањето Вон го започна пред 12 години токму во Шведска, а судбината сакаше тука да ја заврши богатата кариера.

Вон со својата убавина и харизма стана заштитен знак на зимските спортови. Таа беше посилна од повредите кои не и дозволија уште повеќе успеси и победи. 33-годишната Американка на социјалните мрежи најави документарец во кој ќе има се и сешто за нејзината кариера во скијањето.

Златниот медал во спуст на СП во Шведска и припадна на Илка Штухец од Словенија.

OhridNews