Верните фанови ја преплавија со роденденски честитки американската скијачка Линдзи Вон која со своите најблиски го прослави 33-от роденден. Една од најубавите спортистки во светот своите фанови ги израдува со неколку провокативни фотографии кои таа ги прикачи на социјалните мрежи.

– И така, година дена сум постара, но без обзир на тоа колку години имам јас сум среќна што ве имам сите вас. Секогаш ќе бидам среќна додека ве имам вас и додека можам да прославам роденден со волкав број на луѓе. – напиша на социјалните мрежи Вон.

Американката макотрпно тренира и се подготвува за новата сезона во скијањето која ќе започне за помалку од месец дена.

OhridNews