Најдобриот стрелец на Мундијалот во Мексико 1986 година, Гери Линекер и убавата руска новинарка Марија Команднаја ќе бидат водители на ждрепката за групите за Светското првенство во Русија која ќе се одржи 1 декември.

Русите полека финишираат со подготовките за ждрепката, а до долгоочекуваниот момент остануваат уште седумте асистенти кои ќе има помогаат на Команднаја и Линекер за и во текот на извлекувањето.

32-те селекции учесници на Мундијалот ќе бидат поделени во осум групи по четири репрезентации. ФИФА, репрезентациите ги распредели во четири шешири според пласманот на рејтинг листата во октомври месец.

Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни, а завршува на 13 јули. Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови.

OhridNews