Манчестер Јунајтед ја искористипоследната шанса за трофеј сезонава откако со 2-1 го совлада Кристал Палас во финалето од англискиот ФА Купот. 


Херој на „црвените ѓаволи“ во финалето беше Џеси Лингард кој за победа погоди во 110-та минута од мечот.

Деведесетте минути на Вембли не дадоа победник завршувајќи 1-1. Кристал Палас поведе со погодокот на Панчон, а бројките на семафарот ги изедначи Мата.

Пред победничкиот погодок на Линград, Јунајтед остана со фудбалер помалку откако Смолинг заработи втор жолт картон.


12-та титула во ФА купот има големо значење за „бебињата“ бидејќи е прва по ерата на Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд.

OhridNews