Француски Лион го фати последниот воз и им се приклучи на останатите 15-ет екипи во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Лавовите“ ремизираа 1-1 на гостувањето кај Шахјтор Доњецк и го зачуваа второто место во директниот ривал.

Иако работите во групите горе долу беа јасни, возбудувања и неочекувани резултати не изостанаа. Во редот на изненадувања стои победата на Јанг Бојс против Јувентус 2-1, триумфот на Валенсија над Манчестер Јунајтед 2-1, а мечот на вечерта го одиграа Ајакс и Баерн Минхен ремизирајќи 2-2.

Резултати: 

Група Е: Ајакс – Баерн Минхен 3-3, Бенфика – АЕК 1-0

Табела: Баерн Минхен 14, Ајакс 12, Бенфика 7, АЕК 0

 

Група Ф: Мен Сити – Хофенхајм 2-1, Шахјтор – Лион 1-1

Табела: Мен Сити 13, Лион 8, Шахјтор 6, Хофенхајм 3

 

Група Г: Реал Мадрид – ЦСКА Москва 0-3, Викторија Плзен – Рома 2-1

Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, Викторија Плзен 7, ЦСКА Москва 7

 

Група Х: Валенсија – Мен Ју 2-1, Јанг Бојс – Јувентус 2-1

Табела: Јувентус 12, Мен Ју 10, Валенсија 8, Јанг Бојс 4

Патници во 1/8 финалето:

Прв шешир: Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Мен Сити, Реал Мадрид, Јувентус

Втор шешир: Атлетико Мадрид, Тотенхем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома, Манчестер Јунајтед

Лига на Европа: Клуб Бриж, Интер, Наполи, Галатасарај, Бенфика, Шахјтор Доњецк, Викторија Плзен, Валенсија.

OhridNews