Лионел Меси со гол и асистенција беше творец на победа на Барселона (3-1) над Олимпијакос во третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Аргентинецот ја одбележа вечерта на Ноу Камп, но еден детал односно конзумирање на таблети среде натпревар ги зачуди сите присутни.

После натпреварот шпанските новинари обелоденија дека се работи за таблети составени од глукоза која спортистите ја земаат пред почетокот или во текот на мечот. Меси ги послушал советите од лекарите на Барселона и таблетите ги испил десеттина минути после стартот на дуелот.

OhridNews