Капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси после поразот во финалето од Чиле на Копа Америка изјави дека се повлекува од репрезентативниот дрес.
– Мојата кариера во репрезентацијата е готова. Дадов се што можев за националниот дрес. Ме боли што не станав шампион со Аргентина, но ова е моја конечна одлука. – рече Меси.
Фудбалерот на Барселона беше еден од трагичарите во финалето од Копа Америка не успевајќи да погоди од белата точка во пенал рулетот.
29-годишниот фудбалер за „гаучосите“ има 112 настапи, а има постигнато 55 погодоци што го прави најдобар стрелец во историјата.
Навивачите во Аргентина веднаш го кренаа гласот и порачаа дека ќе направат се Меси да се врати во селекцијата за Мундијалот 2018 година кој ќе се одржи во Русија.
На многуте трофеи од Барселона, Меси не успеа да додаде титула од големите натпреварувања од Аргентина. Најблиску беше последниве три години каде со Аргентина изгуби три финилиња, две во Копа Америка и едно на Светското првенство во фудбал во Бразил.
Копа Америка: Пенал рулетот го одлучи победникот (видео)
OhridNews