На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 75 годишно лице од Охрид.
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека лицето управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час, информираат од МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
OhridNews