На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен лишија од слобода 27 годишо лице од с.Јанковец, ресенско.

При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

Додаваат дека лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

OhridNews