Шведски државјанин со патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки на автопатот А-1, ВЧЕРА во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Тој бил снимен од безбедносните камери, по што е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“.

Против 39-годишниот шведски државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Г.М.
Фото: МВР