ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против 18-годишно лице од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал 18-годишното лице и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде 26-годишното лице физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал. Потоа, го повикал 18-годишното лице и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга, информираат од СВР Охрид.

Сторителите се пронајдени и лишени од слобода.

OhridNews