На 16.09.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети нападнале 52 и 17 годишни лица, двајцата од дебарското село Џепиште, по што 34-годишното лице со пиштол испукало неколку куршуми кон 52-годишното лице и избегало, информираат од МВР.
По преземени мерки, додаваат, двајцата се пронајдени и лишени од слобода.
Повредениот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.
OhridNews