Ноќеска во 01:40 часот на брегот на Охридското Езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад – „Task Force” лишиле од слобода две лица на 19-годишна возраст од с.Делогожда, струшко.

При извршен преглед кај нив, односна кај едно од лицата бил пронајден пиштол. Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews