Полициски службеници од струшката полициска станица Струга, вчеравечер, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода лишиле 38-годишно лице од селото Мислешево, информира портпаролот на СВР Охрид, стефан Димоски.

При преглед, кај лицето пронајдени се и одземени пет пакувања со опојна дрога кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews