На 30.05.2025 година во 13.30 часот, во селото Белчишта, општина Дебрца, лишено од слобода е 52 годишно лице од истото село.
Кај него при претрес извршен по судска наредба, полициските службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа 145 стебла од растението канабис сатива, повеќе предмети со марихуана и семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од марихуана и други предмети, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews