На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 37-годишно лице од струшкото село Велешта.
При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети, информираат од МВР.
Посочуваат дека пронајденото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












