На 30.10.2025 во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишно лице од истото село.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Тој се сомничи дека ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против лицето ќе поднесе соодветни кривични пријави.
OhridNews
 
					




 
							







 
					