Сензацијата “Лестер“ продолжува да ја “радува“ фудбалска Европа. “Лисиците“ кои им пркосат на милионите долари инвестирани во клубовите во Англија, извојуваа минимална победа 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас. Стрелец на победничкиот гол беше Ријаз во финишот на првиот дел по додавање на Варди. На седум рунди до крајот фудбалерите на Клаудио Раниери имаат 8 бода предност но и натпревар повеќе од второпласираниот Тотенхем.
Резултати : Евертон – Арсенал 2-0, Челси – Вест хем 2-2, Кристал палас – Лестер 0-1, Ватфорд – Стоук 1-2, ВБА – Норвич 0-1










