Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста Covid-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
1) Хронични респираторни заболувања;
2) Тешки кардиоваскуларни заболувања;
3) Дијабет – ТИП1;
4) Малигни заболувања;
5) Имуно-компромитирачки состојби.
Листата на дијагнози на хронични состојби ги опфаќа:
Хронични респираторни заболувања:
• ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – Ј44
• Астма – Ј45
• Интестицијална фиброза – Ј84
Тешки кардиоваскуларни заболувања:
• Срцева слабост со ЕФ<40
• Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
• Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
• Тешка аортна и митрална стеноза
• Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
• Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
• Длабока венска тромбоза до 3 месеци
Дијабетес мелитус:
• Диајабетес тип 1
• Диајабетес тип 2 на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
Сите малигни заболувања – Ц00-Ц97
Имунокомпромитирачки состојби:
• Состојба по трансплантација на бубрег – З94.0
• Хроничен нефротичен синдром – Н04.9
• Интермитентна хемодијализа – З99.2
• Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – М05, М06, М45.00
• Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – М31-М34
OhridNews