Три лица од Скопје и уште едно, засега непознато лице, во август годинава, на подрачјето на Охрид, извршиле неколку тешки кражби. Пријавените со употреба на подесен алат и со кршење извршиле кражби во два дисконти и два маркети и една продавница, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 423.000 денари.
Против пријавените поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.
OhridNews












