По повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“ од Струга организира настан за одбележување на овој ден, насловен како „Инклузивна Уметност“, кој ќе се одржи утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга, Здружението Добротољубие 2014 при црквата Св. Ѓорѓија од Охрид, Дневниот Центар Зраци од Охрид, Посебната Паралелка од ОУ Браќа Миладиновци од Струга и Посебните паралелки од ОУ Св. Климент Охридски од Охрид.

Настанот ќе започне во18:00 часот.

OhridNews