Дебарско-кичевската епархија информира дека на 4-ти февруари, понеделник, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „ Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј).
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews












